logo
logo
logo

Полноправното членство на „чекање“?

Нови правила во Брисел - ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Vecer | 26.06.2026

Нови правила во Брисел - ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“.

Целта на Брисел е да го забрза проширувањето под притисок на војната во Украина, но без да ги намали критериумите за членство.

Според предлогот, кој веќе има силна поддршка од Франција и Германија, кандидатите кои успешно спроведуваат реформи би добиле:

- Пристап до одредени ЕУ-фондови и финансиски програми,

- Преференцијални трговски договори,

- Делумен пристап до заедничкиот европски пазар.

Овој модел на „олеснето членство“ (membership-lite) има за цел да ги мотивира земјите да ги туркаат политички тешките реформи, дури и ако полноправното членство е оддалечено со години. Придобивките би се доделувале поединечно, од случај до случај, во зависност од напредокот. Како пример, на Молдавија веќе ѝ е понуден пристап до системот за плаќање во евра (SEPA) и ЕУ-роаминг аранжманите.

Сепак, планот наидува и на отпор. Водечките кандидати како Црна Гора и Украина веќе се спротивставија на овој концепт, со аргумент дека „олеснетото членство“ не смее да стане трајна замена за полноправно членство во Унијата.

За да ги смири скептичните земји-членки, комесарката за проширување Марта Кос најави дека Брисел развива и нови заштитни механизми кои „жестоко би удриле“ со одземање на фондовите доколку некоја земја назадува во демократијата и владеењето на правото по пристапувањето. Лидерите на ЕУ се очекува детално да расправаат за овој нов рамковен план на самитот во октомври.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk