logo
logo
logo

ЕБОЛА ВО ИТАЛИЈА? Двајца хуманитарци итно префрлени во Милано!

Vecer | 26.05.2026

ЕБОЛА ВО ИТАЛИЈА? Двајца хуманитарци итно префрлени во Милано!

Сомнеж за можна зараза со опасниот вирус ебола предизвика вистинска паника во италијанскиот регион Ломбардија, поточно во провинцијата Комо, откако две лица беа итно хоспитализирани и ставени во строга изолација во болницата „Сако“ во Милано. Станува збор за жена од местото Лурате Качивио и маж од Булгарограсо кои за време на викендот се вратиле од Уганда заедно со своите семејства, по тримесечен престој во оваа источноафриканска земја каде престојувале како хуманитарци.

Сепак, деталните тестирања покажаа дека пациентите се негативни на ебола, а италијанското Министерство за здравство веднаш излезе со соопштение во кое смирува дека ризикот за населението „останува на многу ниско ниво“, пренесува Euronews.

Двајцата италијански државјани кај кои се појави сомнеж за заразата биле превентивно префрлени во специјализирана установа за високоризични инфективни болести веднаш по појавата на симптоми карактеристични за хеморагична треска. Таму врз нив биле спроведени сите тестови според националните и меѓународните протоколи.

Иако состојбата на жената првично се сметаше за посериозна поради развивање на многу висока температура и одредени невролошки симптоми – при што лекарите ја разгледуваа и можноста за церебрална маларија – состојбата на мажот беше оценета како полесна, со умерена температура и стомачни тегоби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk