logo
logo
logo

Федерален судија нареди администрацијата на Трамп да ја обнови работата на УСАИД

Vecer | 14.02.2025

Федерален судија нареди администрацијата на Трамп да ја обнови работата на УСАИД

 Американски федерален судија нареди администрацијата на Доналд Трамп да ја укине тримесечната забрана УСАИД да финансира разни проекти, а како причини ги наведе огромните штети направени врз непрофитните организации и другите институции кои ја спроведуваат американската помош во странство.

Одлуката е одговор на тужба поднесена од две невладини организации – Коалиција за промиварење на вакцина против СИДА (AIDS Vaccine Advocacy Coalition) и Совет за глобално здравје (Global Health Council), кои се здравствени институции финансирани од американски средства за работа во странство

Судската одлука е втора ваква пресуда против администрацијата на Трамп која прави напори за драстично кратење на државниот апарат на САД и се обидува да ја укине Американска агенција за меѓународен развој (УСАИД) која постои веќе шест децeнии, а за која Трамп и неговиот сојузник Илон Маск велат дека не е во согласност со агендата на Трамп.

Одлуката донесена синоќа од Амир Али, окружен судија од Вашингтон, е прва ваква  против ненадејното и целосно запирање на финансирањето од УСАИД за програми во странство.

Изведувачи на разни проекти, земјоделци и снабдувачи во САД и во многу странски земји останаа без стотици милиони долари за веќе завршена работа а тоа доведе до масовни отпуштања во тие бизниси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk