Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен денес предупреди дека нејзината партија Национален собир ќе блокира секоја нова влада и повторно му предложи на претседателот Емануел Макрон да го распушти Парламентот или да поднесе оставка.
„Ќе цензурирам сè. Престанете сега. Шегите траеја доволно долго“, рече Марин Ле Пен.
Таа додаде дека „величината, честа и моралот би го оправдале Емануел Макрон многу сериозно да размислува за распуштање (на Парламентот) или дури и за неговата оставка“.
Да се потсетиме, уште една политичка криза ја погоди Франција откако премиерот Себастјан Лекoрн поднесе оставка, еден ден откако го објави составот на својата нова влада и помалку од еден месец откако беше назначен на таа позиција, потопувајќи ја Франција во период на политичка неизвесност.
Лекорн, назначен на 9 септември, беше цел на критики од противниците и десничарските партии откако во недела навечер презентираше дел од својата влада, трет за една година.
По оставката на Лекорн, на францускиот претседател е да одлучи дали да назначи нов премиер или да го распушти парламентот.
Собрание: Не доаѓа предвид
Од друга страна, Канцеларијата на Националното собрание на Франција денес објави дека предлогот за импичмент на претседателот на Републиката Емануел Макрон е неприфатлив.
Мануел Бомпард, националниот координатор на левичарската партија Неосвоена Франција (LFI), денес напиша на мрежата X дека левицата гласала „за“, макронистите и републиканците „против“, а дека претставниците на крајно десничарскиот Национален собир (RN) се воздржале.
„Марин Ле Пен повторно го спаси Макрон“, напиша тој, пренесува BFM TV.
Францускиот Устав дозволува претседателот да биде отстранет „во случај на пропуст што јасно е во спротивност со остварувањето на претседателскиот мандат“.
Лидерот на партијата Непобедлива Франција (LFI), Жан-Лук Меланшон, во понеделник, 6 октомври, повика итно да се разгледа предлогот за импичмент на претседателот Емануел Макрон по оставката на премиерот Себастијан Лекорн.
„По оставката на Лекорн, повикуваме на итно разгледување на предлогот поднесен од 104 пратеници за отстранување на Емануел Макрон“, рече Меланшон во објава на Платформа X на 6 октомври.
Предлогот првично беше поднесен на почетокот на септември.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата