logo
logo
logo

ФБИ објави ФОТОГРАФИИ ОД НАПАЃАЧОТ НА ЧАРЛИ КИРК

Vecer | 11.09.2025

ФБИ објави ФОТОГРАФИИ ОД НАПАЃАЧОТ НА ЧАРЛИ КИРК

Чарли Кирк, лојален сојузник на американскиот претседател, беше убиен на универзитетски настан во државата Јута вчера попладне по американско време. Властите соопштија дека осомничениот веројатно пукал од покривот од значително растојание, додавајќи дека околу 3.000 луѓе се собрале на митингот на Универзитетот во долината Јута.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, прво извести дека осомничениот за пукањето во кое беше убиен конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, но неколку часа подоцна објави дека осомничениот е ослободен по испрашувањето.

ФБИ објави дека пушката што веројатно била употребена за извршување на убиството е пронајдена, а велат дека имаат и фотографии од лицето на напаѓачот, кој е на студентска возраст, како и отпечатоци од дланките и надлактицата.

Трамп рече дека ќе му го додели на Кирк Претседателскиот медал за слобода.

ФБИ потврди: Оружјето на напаѓачот било увезена пушка „Маузер“ калибар .30-06

Американското ФБИ објави нови детали за оружјето пронајдено во пошумена област за која веруваат дека е местото каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си.

Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за увезена пушка „Маузер“ калибар .30-06. Станува збор за многу моќно оружје.

Да потсетиме дека истражителите на истото место пронајдоа и други важни траги што би можеле да помогнат во идентификацијата на сторителот, вклучувајќи отпечатоци од чевли, отпечатоци од дланки и отпечатоци од подлактици.

ФБИ нуди до 100.000 долари за информации

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди дарежлива парична награда до 100.000 долари за каква било информација што ќе доведе до идентификација и апсење на лицето или лицата одговорни за убиството на Кирк.

Овој потег на истражителите има за цел да ја охрабри јавноста да соработува, со надеж дека високиот износ на наградата ќе ги мотивира оние со клучни информации да се јават. ФБИ вели дека дури и навидум неважен детаљ може да биде клучен за решавање на случајот.

Секој што има информации за ова кривично дело се повикува да контактира со најблиската канцеларија на ФБИ или локалните власти. Идентитетот на оние што даваат помош може да остане заштитен, соопшти ФБИ.

ФБИ објави фотографии од напаѓот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk