logo
logo
logo

Фајзер: Од идната година ОЧЕКУВАМЕ ГОЛЕМ ПРОФИТ ОД ВАКЦИНИТЕ

Vecer | 18.03.2021

Фајзер: Од идната година ОЧЕКУВАМЕ ГОЛЕМ ПРОФИТ ОД ВАКЦИНИТЕ

Неодамнешните коментари на финансискиот директор на Фајзер укажуваат на можноста дека компанијата има желба да ја претвори вакцината против коронавирус во долгорочен главен деловен модел.

Неговите предвидувања вклучуваат драстично зголемување на цените на вакцините против коронавирус кои што ќе треба да се примаат секоја година.

Додека масовната вакцинација против коронавирус е во тек и крајот на пандемијата полека се наѕира, се поставува прашањето - што после тоа? Фармацевтската компанија Фајзер, се чини, тогаш очекува голем прилив на пари, пишува Спутник.

На Глобалната здравствена конференција Барклиз финансискиот директор на Фајзер Френк Д'Амелио, го претстави планот на компанијата за инвеститорите, што подразбира драстично повисока цена на вакцината против коронавирус, веднаш штом владите  ќе престанат да бидат примарни купувачи на нивната вакцина, која тие ја заеднички ја произведоа со германската компанија Бионтек.

- Врз основа на сето она што го видовме досега, веруваме дека ќе има се повеќе и повеќе ревакцинации секоја година, рече Д’Амелио, додавајќи дека тоа најверојатно ќе биде единечна доза на вакцината.

Тој изјави дека досега цените на вакцините ги диктираа, пред сè, потребите на државите да обезбедат доволни дози за вакцинација на целото население без никакви трошоци за граѓаните, пренесува Спутник Интернешнл.

- Како што излегуваме од состојба на пандемија, на пазарот ќе почнат да се движат нормални пазарни сили, нормални услови. И факторите како ефикасноста, способноста, клиничката корисност, ќе станат многу важни, и гледаме дека, искрено, ова е значајна можност за нашата вакцина, од аспект на побарувачката, од перспектива на одредување на цените, со оглед на клиничкиот профил на нашата вакцина, рече Д’Амелио.

- Ние веруваме дека како што излегуваме пандемија во ендемија, постои шанса за нас, додаде тој.

Кога болеста станува ендемична, тоа значи дека е присутна и продолжува да се шири повремено кај дел од популацијата. Ова во голема мера е случај со болести како што е грипот, за кои често се препорачува вакцинација на годишно ниво.

Минатиот месец, Д'Амелио им рече на аналитичарите од Волстрит дека Фајзер во моментов ја продава вакцината за 19,5 долари по доза, но истакна дека тоа не е нормалната цена што обично ја добиваат за вакцината, што е околу 150,175 долари по доза.

- Кога ќе се тргнеме од пандемските цени, ситуацијата во која се наоѓаме во моментов, ќе добиеме многу повисока цена, додаде тој.

Минатата година „Фајзер“ оствари приход од 15 милијарди долари на производи поврзани со Ковид-19, додаде Д’Амелио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk