logo
logo
logo

Прашање до германскиот канцелар Мерц: КОЈ И ПОМАГАЛ НА УКРАИНА ВО НАПАДОТ

Vecer | 03.06.2025

Прашање до германскиот канцелар Мерц: КОЈ И ПОМАГАЛ НА УКРАИНА ВО НАПАДОТ

Последните напади од страна на Украина врз воени цели длабоко на територијата на Русија не би биле можни без директна поддршка од Западот, изјави Севим Дагделен, експерт за надворешна политика на германската партија „Сара Вагенкнехт Алијанса - за разум и правда“ (BSV).

- Нападите на Украина врз руските нуклеарни објекти и теророт врз железничката инфраструктура се едноставно незамисливи без поддршка од Западот и јасно се насочени кон саботирање на мировните преговори во Истанбул. Прославите и триумфите по повод ваквите напади се сосема несоодветни, особено имајќи го предвид потенцијалниот нуклеарен одговор на Русија - предупреди Дагделен на социјалната мрежа X чија изјава објавува Сара Вагенкнехт

Прашање за германскиот канцелар: Дали САД дадоа зелено светло за нападите?

Дагделен го повика германскиот канцелар Фридрих Мерц јавно да објасни до кој степен американскиот команден центар во Висбаден учествувал во подготовката и извршувањето на овие напади, како и дали дал „зелено светло“ за, како што изјави, „целосно неодговорната ескалација на конфликтот“ - особено за време на неодамнешната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин.

Во понеделник, портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус, изјави дека Киев не го информирал Берлин за планираните напади врз Мурманск, Иркутск и други области во Русија.

Вашингтон: Не знаевме за нападите

Американскиот канал CBS, повикувајќи се на извори во Белата куќа, исто така објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не била запознаена со планираните украински напади врз руските региони на 1 јуни.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, на 1 јуни, властите во Киев извршиле  напади со беспилотни летала FPV врз неколку стратешки воени аеродроми во регионите Мурманск, Иркутск, Иваново, Рјазан и Амур.

Сите напади врз аеродромите во регионите Иваново, Рјазан и Амур беа одбиени, додека пожарите што се случија по нападите врз објектите во Мурманск и Иркутск беа брзо локализирани, без жртви меѓу персоналот, наведуваат руските емдиуми без детали колку од стратешките авиони кои се наменети и за транспорт и дејствија со атомско вооружување се оштетени или уништени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk