logo
logo
logo

НЕВЕРОЈАТНО СУДБИНСКО СОВПАЃАЊЕ СО ТЕМАТА од последните зборови на Чарли Кирк

Vecer | 11.09.2025

НЕВЕРОЈАТНО СУДБИНСКО СОВПАЃАЊЕ СО ТЕМАТА од последните зборови на Чарли Кирк

Убиениот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Чарли Кирк, зборуваше на митинг во Јута за масовните стрелања меѓу трансродови лица во Соединетите Американски Држави.

Последните зборови на Чарли Кирк

„Дали знаете колку трансродови Американци извршиле масовни стрелања во последните 10 години“, го праша некој од публиката Кирк.

На што Чарли Кирк одговори: „Премногу“.

Потоа едно лице од публиката му рече на десничарскиот активист дека се пет, а потоа на Кирк му беше поставено дополнително прашање - „Дали знае колку масовни убоства имало во САД во последните 10 години“.

„Дали го броиме насилството меѓу бандите или не“, праша Кирк.

Само еден момент подоцна, се слушна истрел. Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Кирк како се урива на сцената, а крвта му тече од вратот.

Набрзо им подлегна на повредите во болница, а напаѓачот е сè уште во бегство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk