logo
logo
logo

Правила за емисијата на Путин: ЗАБРАНЕТИ ВЕЈПОВИ, ПАРФЕМИ, БАЛОНИ...

Vecer | 17.12.2025

Правила за емисијата на Путин: ЗАБРАНЕТИ ВЕЈПОВИ, ПАРФЕМИ, БАЛОНИ...

Организаторите на емисијата „Преглед на годината со Владимир Путин“ објавија список на предмети што посетителите нема да можат да ги внесат.

Една од главните теми во последните денови во Русија е ТВ емисијата „Преглед на годината со Владимир Путин“.

Веќе е објавено дека се примени повеќе од 1,6 милиони прашања за рускиот претседател, а сега се појави и список на забранети предмети за учесниците.

Освен електронски цигари (вејпови), нема да можат да внесуваат преносни батерии за полнење на уреди, заменливи батерии за мобилни уреди, како и сите видови течности.

Списокот на забранети предмети вклучува експлозиви, запаливи материјали, знамиња и нивни јарболи, стаклени, метални и пластични садови, шишиња и лименки, објави РИА Новости.

Храна и пијалоци исто така нема да бидат дозволени, а парфеми и течни производи за лична хигиена се забранети.

Техничката опрема што е исто така забранета вклучува ласерски покажувачи, фенери, беспилотни летала (дронови), велосипеди, електрични скутери...

На настанот не се дозволени животни или балони од која било големина. Овие правила се дел од строгите безбедносни мерки за присуство на директната линија на Путин.

Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за емисијата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија руските медиуми.

Патем, ТВ-емисијата „Преглед на годината со Владимир Путин“ во 2024 година траеше четири и пол часа, за време на кои рускиот претседател одговори на 76 прашања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk