logo
logo
logo

СЕ УРНА АМЕРИКАНСКИ ХЕЛИКОПТЕР во близина на Ормуз

Vecer | 09.06.2026

СЕ УРНА АМЕРИКАНСКИ ХЕЛИКОПТЕР во близина на Ормуз

Американскиот воен хеликоптер АХ-64 „Апачи“ се урна во близина на Ормускиот Теснец, а двајца членови на екипажот се безбедно спасени, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со инцидентот

Фото: Илустрација

Според „Њујорк тајмс“, причината за падот засега е непозната, а истрагата е во тек.

Изворите велат дека сè уште не е утврдено дали хеликоптерот е погоден од иранските сили, дали имало механички дефект или причината за несреќата е некој друг проблем.

Белата куќа и Централната команда на американската армија (ЦЕТКОМ) сè уште не дадоа коментар за инцидентот.

На темата се огласи единствено американскиот претседател Доналд Трамп, кој одговарајќи на новинарски прашања по натпреварот од финалната серија на НБА кажа дека двајцата пилоти се во добра состојба.

„Пилотите се добро, нема повредени“,

рече тој.

Инцидентот се случува во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, откако Иран и Израел во неделата вечер извршија меѓусебни директни напади, први по неколку месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk