logo
logo
logo

ШАМАР за Киев: Ни НАТО, ни ЕУ

Vecer | 13.04.2025

ШАМАР за Киев: Ни НАТО, ни ЕУ

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Германија.

„Украина е многу голема европска земја, но таа е европска земја која е во војна. Земја што е во воена состојба не може да стане членка на НАТО или на Европската унија“, истакна Мерц во интервју за весникот „Ханделсблат“.

Во исто време, ветувањето на Киев за членство во двете асоцијации останува на сила.

Во февруари Унгарија стави вето на почетокот на првата фаза од преговорите за пристапување на Украина во Европската унија.

Подоцна, дипломати од Шведска, Финска, Данска, Латвија, Литванија и Естонија го повикаа Брисел да даде конкретни предлози за процесот на пристапување на земјата.

Според унгарскиот премиер Виктор Орбан, ЕУ има намера да му понуди на Киев членство во асоцијацијата во замена за продолжување на конфликтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk