logo
logo
logo

Германија пред избори: КАМПАЊИ НА ТУРСКИ И АРАПСКИ ЈАЗИК!

Vecer | 22.02.2026

Германија пред избори: КАМПАЊИ НА ТУРСКИ И АРАПСКИ ЈАЗИК!

Само по четврти пат во поновата историја од Втората светска војна, Германија се одржаа вонредни парламентарни избори во 2025 година. Повеќе од 59 милиони Германци деновиве поточно на 23 февруари лани, избираа 630 членови на парламентот со четиригодишен мандат и задача да изберат нов канцелар и влада.

На тие избори, за разлика од практичните Германци кои најмногу внимание при избори посветуваат на економијата, условите за здравствена и соцоијална заштита и екологијата на последниет избори во прва план беше “мигрантското прашање“, загрозување на национланиот идентитет и безбедноста од голем прилив на мигранти и енергетската криза.

Денешната влада на демохристијаните и канцеларот Мерц многу ветуваше на тој план, но за година дена не даде ништо конкретно. Напротив, се фрли на милитаризација на државата и усмерување на парите и плановите на оружје заборавајќи ги мигрантите и се поскапата енергија по блокадата на Русија од каде Германија со децении добиваше ефтини енергенси и сировини врз што изгради силна иднустрија.

Според Статста, во Германија во 2025та имало повеќе од 15 милиони странски државјани кои живееле легално во Германија. Пошироката дефиниција, која ги вклучува луѓето со „имиграциско потекло“ - оние кои емигрирале од 1950 година или имаат родители кои емигрирале - достигна 21,2 до 24,9 милиони луѓе до 2023 година, што претставува над 24-29% од вкупното население.

Тоа е околу 30% од населението, или - потенцијлано 30% можно гласачко тело за германските политички партии кои се повеќе, уште сега, се обраќаат кон таа популација ичекувајќи да гласа за нив.

Борбата за „гласови на мигранти“ резултира Германците пред локланите избори да започнуваат изборни кампањи на турски и арапски јазик

Пред изборите во Германија, некои кандидати се надеваат на гласови од гласачи кои немаат германско потекло. Во Баден-Виртемберг, кампањата се води на турски и арапски јазик, а лидерот на партијата „Левица“, Јан ван Акен, веќе објавува изборни видеа на неколку јазици.

Политичка стратегија или нова реалност за Германија?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk