logo
logo
logo

Политика соголена до коска: ЌЕ ИМ ЈА ЗЕМЕМЕ НАФТАТА НА ИРАН И ЌЕ СЕ ЗБОГАТИМЕ!

Vecer | 04.04.2026

Политика соголена до коска: ЌЕ ИМ ЈА ЗЕМЕМЕ НАФТАТА НА ИРАН И ЌЕ СЕ ЗБОГАТИМЕ!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот теснец, што, како што рече, би можело да донесе значителни економски придобивки.

Со малку повеќе време, лесно можеме да го отвориме Ормускиот теснец, да ја земеме нафтата и да се збогатиме. Тоа би било голема добивка за светот???“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Околу една петтина од светската сурова нафта и течен природен гас обично се транспортира низ Ормускиот теснец.

Сепак, од почетокот на војната со Иран на крајот на февруари, бродскиот сообраќај низ теснецот е претежно запрен, а блокадата доведе до нагло зголемување на цените на нафтата.

Во моментов, само неколку бродови минуваат низ теснецот секој ден, главно од Иран, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина и Саудиска Арабија.

Според податоците на компанијата за анализа на бродскиот сообраќај „Kpler“, од почетокот на март, 225 товарни бродови поминале низ теснецот, што е за 93 проценти помалку во споредба со периодот пред војната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk