logo
logo
logo

Откриени черепи од првиот човечки вид

Vecer | 13.03.2025

Откриени черепи од првиот човечки вид


Фосилизираните фрагменти од коски пронајдени во пештера во Шпанија припаѓаат на најстарото познато човечко лице во Западна Европа, објавија шпанските истражувачи.

Фосилизираните остатоци пронајдени во пештерата Сима дел Елефанте во близина на Атапуерка во провинцијата Бургос го сочинуваат левиот образ и горната вилица на возрасен поединец од одамна исчезнат човечки вид кој живеел на Пиринејскиот Полуостров пред околу 1,1 до 1,4 милиони години, пренесува лондонски Гардијан.

Откритието сугерира дека најмалку две форми на рани луѓе го окупирале регионот во раниот плеистоцен, кога пештерите во кои живееле се наоѓале во огромни шуми, богати со реки, потоци и диви животни.

„Ова дело воведува нов актер во приказната за човековата еволуција во Европа“, рече д-р Роза Хугет од Универзитетот Ровира и Вирџили во јужна Каталонија, која помогна да се открие фосилот. Раните луѓе стигнале до Евроазија од Африка пред најмалку 1,8 милиони години, што е потврдено со пет черепи кои датираат од тој период, пронајдени во Дманиси, Грузија.

Черепите му се припишуваат на хомо еректус, првиот ран човечки вид кој го напуштил африканскиот континент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk