logo
logo
logo

Настанот се случил во Германија

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН ВО САЛЦБУРГ, од малтретирањето при грабеж починал 93-годишен човек

Vecer | 20.05.2026

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН ВО САЛЦБУРГ, од малтретирањето при грабеж починал 93-годишен човек

Триесет и шестгодишен државјанин на Северна Македонија е уапсен во Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница, а по апсењето е пренесен во затворот во Пух-Урштајн, во близина на Салцбург, јавуваат австриските медиуми.

Според австриската полиција, апсењето било извршено во населбата Елизабет-Форштат, во близина на железничката станица. Истражителите наведуваат дека жртвата починала од тешките повреди здобиени при нападот, пренесоа австриските медиуми.

Иако германските и австриските власти официјално не потврдуваат дека станува збор за истиот случај, повеќе детали упатуваат дека осомничениот е поврзан со грабежот што се случи за време на првиот мајски викенд во Келн.

Тогаш, непознати сторители провалиле во бунгалов на 93-годишен маж, физички го нападнале, а потоа го пребарале домот и избегале со пленот. На 3 мај, неговите деца го пронашле мртов во куќата. Обдукцијата покажала дека починал од тешки телесни повреди.

Германската полиција претходно уапси двајца осомничени – 30-годишник и 59-годишник, додека по трет осомничен, 36-годишен маж, сè уште се трагаше.

По апсењето во Австрија, во тек се дополнителни истраги и координација со германското правосудство околу можната екстрадиција на осомничениот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk