Основачот на Turning Point USA, Чарли Кирк, почина откако беше застрелан на настан во среда попладне на Универзитетот Јута Вали, јавува Фокс њус
Претседателот Доналд Трамп ја потврди смртта на Кирк во објава на Truth Social.
„Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не разбираше или го немаше Срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли“, напиша Трамп.
„Тој беше сакан и почитуван од СИТЕ, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас. Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме!“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата