logo
logo
logo

НЕ ГО УБИЛЕ ИЗРАЕЛЦИТЕ, ТУКУ НЕГОВИТЕ... Епско предавство во врвот на Иран

Vecer | 20.03.2026

НЕ ГО УБИЛЕ ИЗРАЕЛЦИТЕ, ТУКУ НЕГОВИТЕ... Епско предавство во врвот на Иран

Иранскиот режим егзекутирал врвен воен командант откако бил осомничен дека ја открил локацијата на убиениот врховен лидер Али Хамнеи, со што се демантира веста дека е тој убиен при израелски напад.

Бригадниот генерал Есмаил Кани, командант на елитните сили Кудс, е обвинет дека е „крт“ на самиот врв на владата, додека конфликтот меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави влегува во сè поопасна фаза.

Непотврдени извештаи што циркулираат во арапските онлајн медиуми наведуваат дека Кани е осуден на смрт откако за него никој не се слушнал ништо од почетокот на војната.

Кани, кој го добил прекарот „човекот со девет животи“ поради бројните преживеани напади, со години е под сомнение на безбедносните служби. Се вели дека тој постојано ги напуштал локациите непосредно пред да бидат погодени од израелски ракетни или беспилотни летала.

Според некои извештаи, Кани ја напуштил локацијата само неколку минути пред експлозијата во претседателската палата во Техеран минатата сабота, кога беше убиен 86-годишниот Хамнеи.

Ова не е прв пат 68-годишниот командант да избегне смрт во прецизни напади. Претходно се веруваше дека загинал во експлозијата во бункерот заедно со наследникот на лидерот на Хезболах, Хашем Сафиедин, но извори во Либан, Ирак и Иран подоцна тврдеа дека воопшто не бил на состанокот. Исто така, наводно избегнал уште еден напад една недела претходно, во кој беше убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах.

Сепак, информациите за неговото апсење или егзекуција под сомнение за шпионажа не се официјално потврдени од Техеран.

Кани ја презеде командата со силите Кудс во јануари 2020 година, откако САД го убија неговиот претходник, Касем Сулејмани.

Силите Кудс се специјална гранка на Иранската револуционерна гарда задолжена за операции во странство и координација на сојузниците на Техеран низ Блискиот Исток, позната како „Оска на отпорот“.

За време на мандатот на Кани, голем број високи команданти беа убиени, вклучувајќи повеќе од 40 од нив во првиот бран на израелската операција „Епски бес“.

По инфилтрацијата на Израел во структурите на Хезболах, Иран наводно започнал обемна истрага за да пронајде можен предавник во системот. Сепак, засега нема потврда дека истрагата го идентификувала лицето одговорно за истекувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk