logo
logo
logo

„Брисел ја користи војната како изговор за централизација на моќта, што е „ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПУЧ“

Vecer | 05.06.2025

„Брисел ја користи војната како изговор за централизација на моќта, што е „ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПУЧ“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека мнозинството Европејци не го поддржуваат забрзаниот прием на Украина во Европската Унија, како и испраќањето европско оружје и војници во војната.

Тој нагласи дека војната меѓу Русија и Украина станала „катализатор“ преку кој Брисел се обидува да преземе сè повеќе и повеќе овластувања.

Зборувајќи на пленарната сесија на Форумот на унгарски пратеници во Карпатскиот басен (KMKF), Орбан предупреди дека Брисел ја користи војната како изговор за централизација на моќта и елиминирање на националниот суверенитет во рамките на ЕУ, што тој го нарече „институционален пуч“, објави MTI.

Според него, ЕУ повеќе не е легитимирана преку своите успеси, туку се обидува да го насочи вниманието на јавноста кон конфликтот со Русија.

„Бриселската воена пропаганда тврди дека Русија може да ја нападне ЕУ или дури и НАТО, и дека тоа може да се спречи само со превентивен удар. Според нив, војната во Украина е тој удар. Но, тоа не е вистина. Европа може да биде заштитена дури и без продолжување на војната“, рече Орбан.

Премиерот додаде дека сегашниот курс на Брисел води кон укинување на суверенистичките елементи во рамките на Унијата и дека Унгарија е должна да се спротивстави на овој процес и да ги зајакне антивоените иницијативи низ цела Европа.

Орбан истакна дека Унгарците надвор од границите се приоритет на националната политика на Унгарија, но и дека земјата се стреми кон добри односи со своите соседи.

Тој предупреди дека политичките сили непријателски настроени кон Унгарците не можат да сметаат на нивната поддршка на европската сцена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk