logo
logo
logo

ДЕВЕТМИНА УАПСЕНИ: Разбиена голема операција на руската тајна служба ГРУ, планирале убиства и саботажи низ цела Европа

Vecer | 02.05.2026

ДЕВЕТМИНА УАПСЕНИ: Разбиена голема операција на руската тајна служба ГРУ, планирале убиства и саботажи низ цела Европа

Литванија објави дека уапсила девет лица под сомнение за планирање атентати и саботажи низ Европа по налог на руската воена разузнавачка служба ГРУ. Ова е резултат на истрагата започната пред една година, откако активистот Руслан Габасов пронашол уред за следење Apple AirTag под хаубата на својот автомобил.

Габасов се залага за независност на неговиот роден Башкортостан (Башкирија), претежно муслимански регион во јужен Урал. Тој избегал од Русија во 2021 година и бил осуден на 14 години затвор во отсуство.

Групата од девет члена е обвинета за палење пратки со воена опрема што требало да бидат испратени од Бугарија во Украина. Тие, исто така, снимале грчки воени објекти, објави полицијата.

Меѓу уапсените е и маж во педесеттите години, фатен пред куќата каде што живее Габасов со сопругата и петгодишниот син. Уапсеното лице има грчко и руско државјанство, бил вооружен со пиштол.

Запалени магацини

Во време кога Вашингтон го префрли својот фокус од војната во Украина на Блискиот Исток, западните разузнавачки претставници проценуваат дека клучна цел на рускиот претседател Владимир Путин останува распаѓањето на НАТО и Европската Унија и поткопувањето на западните дипломатски врски, пишува „Њујорк тајмс“.

Од почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година, руските разузнавачки служби извршија низа саботажи во Европа, од вандализам до бомбардирања, од палеж до планирани атентати.

Главни цели се руските дисиденти во егзил и земјите што најмногу ѝ помагаат на Украина. Во Велика Британија и Шпанија, пожари беа забележани во магацини со товар наменет за Украина, во Полска, железнички линии што се користат за транспорт на воена опрема беа минирани.

Најдраматичниот обид беше откривањето на запаливи направи во пакети што требаше да бидат транспортирани со товарни авиони на DHL. Две направи се запалија во Велика Британија и Германија, а една експлодираше во камион во Полска.

Литванската полиција го пребарува подрачјето каде што се урна товарниот авион на ДХЛ во близина на аеродромот во Вилнус
Литванската полиција го пребарува подрачјето каде што се урна товарниот авион на ДХЛ во близина на аеродромот во Вилнус

Во Литванија, како дел од таа истрага, беа уапсени повеќе од десет осомничени, претежно лица кои биле регрутирани од руските разузнавачки служби преку Интернет, ветувајќи им пари.

Во среда, германските власти објавија дека уапсиле казахстански државјанин обвинет за давање информации на руските разузнавачки служби за германската воена помош за Украина.

Разбиена мрежа

За деветте лица уапсени оваа недела, литванските власти објавија дека мрежата вклучувала граѓани на Грција, Украина, Русија, Грузија, Латвија, Молдавија и Литванија.

Истрагата „утврди директни врски меѓу сторителите и луѓето кои ги нарачале убиствата, дејствувајќи во интерес на Главната дирекција за разузнавање на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација (ГРУ)“. Меѓу другото, тие планирале неколку убиства на луѓе кои ја поддржуваат Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk