logo
logo
logo

Нов СИЛЕН ПОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА, властите предупредуваат на можни свлечишта

Vecer | 27.04.2026

Нов СИЛЕН ПОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА, властите предупредуваат на можни свлечишта

Нов земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер е регистриран на северниот јапонски остров Хокаидо, соопшти германскиот Истражувачки центар за геонауки, како и американските и јапонските метеоролошки агенции за последниот во серијата силни потреси што изминатиот период ја погодија земјата.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 80 километри, во ретко населен регион на околу 200 километри источно од Сапоро.

Во првите часови по потресот нема пријави за жртви или материјална штета.

Сепак, јапонските власти не издадоа предупредување за цунами, но соопштија дека во погодените подрачја постои зголемен ризик од паѓање карпи и појава на одрони, особено во деловите каде што тлото било посилно разнишано.

Хокаидо е најсеверниот и втор по големина остров во Јапонија и често е изложен на сеизмичка активност поради положбата на земјата во т.н. Пацифички огнен прстен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk