logo
logo
logo

ИНДИЈА РЕЧЕ - НЕ! Продолжуваме...

Vecer | 08.08.2025

ИНДИЈА РЕЧЕ - НЕ! Продолжуваме...

Русија и Индија ја потврдија својата посветеност на стратешко партнерство на безбедносните разговори одржани во Москва, во светлината на најновите трговски мерки на САД против Њу Делхи.

Средбата се одржа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави воведување дополнителни тарифи за индискиот извоз поради купувањето руска нафта, објави Ројтерс.

Индискиот советник за национална безбедност, Аџит Довал, се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, каде што двете страни ја нагласија важноста на билатералните односи и заедничката борба против современите закани.

Ние сме посветени на понатамошна активна соработка за формирање пофер и поодржлив светски поредок, како и зачувување на меѓународното право“, рече Шојгу, додека Довал рече дека Индија високо ги цени односите со Русија, оценувајќи ги како „многу добро воспоставено стратешко партнерство“.

Разговорите се одржаа во контекст на трговските тензии со Вашингтон.

Трамп најави дополнително зголемување на тарифите за стоки од Индија за 25 проценти, кое стапува на сила на 28 август, со што вкупната тарифа ќе достигне 50 проценти.

Кремљ ги обвини САД за „нелегален трговски притисок“ врз Индија и истакна дека Њу Делхи има право да тргува со кого сака.

За време на посетата, се очекува Довал да разговара и за прашања поврзани со енергијата и одбраната, вклучително и купувањето руска сурова нафта и испораката на ракетните системи С-400.

Во 2018 година, Индија потпиша договор од 5,5 милијарди долари со Москва за пет системи со долг дострел, но испораките постојано се одложуваа.

Планирана е испорака на преостанатите единици во 2026 и 2027 година. Иако во последниве години сè повеќе се потпира на западните добавувачи, Индија сè уште одржува значајна воено-техничка соработка со Русија.

Во исто време, приватните рафинерии во Индија, вклучувајќи ги „Релианс индастрис“ и „Најара“, остануваат главни купувачи на руска нафта, иако државниот увоз е забавен поради намалените попусти и предупредувањата од САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk