logo
logo
logo

Ердоган: Одбраната на Иран од израелските напади е легитимна

Vecer | 18.06.2025

Ердоган: Одбраната на Иран од израелските напади е легитимна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро реагираше на последните настани на Блискиот Исток, изјавувајќи дека Иран само се брани од, како што рече, нелегални и "луди" напади од Израел, кои тој ги опиша како "државен тероризам". Според него, одбранбените акции на Иран се природни, законски и оправдани.

Во своето обраќање пред Парламентот до членовите на својата партија, Ердоган напомена дека нападот на Израел кон соседната земја на Турција бил спроведен без почекување на исходот од разговорите околу иранската нуклеарна програма помеѓу Вашингтон и Техеран. Притоа нагласи дека Анкара се залага за решавање на меѓународните спорови по дипломатски пат.

Ердоган, исто така, остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека ги надминал најтешките примери од минатото, споредувајќи го дури со Адолф Хитлер поради злосторствата во Газа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk