logo
logo
logo

ЌЕ ОДАТ ЛИ МАКРОН, МЕРЦ И СТАРМЕР СО ЗЕЛЕНСКИ КАЈ ТРАМП? Европските лидери одлучуваат дали да одат во Вашингтон

Vecer | 17.08.2025

ЌЕ ОДАТ ЛИ МАКРОН, МЕРЦ И СТАРМЕР СО ЗЕЛЕНСКИ КАЈ ТРАМП? Европските лидери одлучуваат дали да одат во Вашингтон

Европските лидери денеска ќе одлучат дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде придружуван за време на неговата посета на Вашингтон, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

На прашањето дали германскиот канцелар Фридрих Мерц би можел да го придружува Зеленски во Вашингтон, Вадефул одговори дека многу Европејци би сакале да патуваат со украинскиот претседател доколку се донесе таква одлука. - Тоа ќе биде договорено овој викенд, а желбата на Фридрих Мерц да преземе одговорност е очигледна и тој тоа јасно го покажа во изминатите денови. Ова прашање ќе биде колективно разгледано, изјави Вадефул вчера пред германската телевизија АРД.

По самитот меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, Мерц вчера изјави дека ги поздравува напорите на американскиот претседател да стави крај на војната во Украина и да постигне траен мир.

Француското претседателство соопшти дека денеска лидерите на земјите од „Коалицијата на подготвените“ – францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Мерц – ќе разговараат за ситуацијата во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk