Овие средства делумно се поврзани со контроверзниот договор меѓу Европската комисија и Тунис вреден повеќе од една милијарда евра, потпишан во јули и покрај критиките дека владата во земјата ги крши човековите права, пишува ДПА.
Новата помош, објавена вчера, делумно е наменета за „решавање на вонредната ситуација на која сме сведоци на Лампедуза“, рече портпаролката на Европската комисија, мислејќи на италијанскиот остров во близина на африканскиот брег, каде во последно време пристигнуваат илјадници мигранти.. Околу 67 милиони евра од вкупната сума се директно наменети за миграција. Дел од средствата ќе бидат потрошени за бродови и термални камери, операции за пребарување и спасување, мерки против шверцерите и враќање на бегалците. Околу 60 милиони евра се наменети за буџетска помош на Тунис за закрепнување од корона кризата.
Тунис е една од главните транзитни земји за бегалците кои пристигнуваат во Европа од Африка. Поради близината до крајбрежниот град Сфакс, Лампедуза долго време е една од главните дестинации на мигрантите. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата го посети италијанскиот остров со премиерката на таа земја Џорџија Мелони.
За време на посетата, таа објави план од десет точки кој вклучува посилен надзор на Медитеранот и подобра обука на туниската крајбрежна стража. Годинава повеќе од 127 илјади мигранти пристигнале во Италија по морски пат, покажуваат податоците на полицијата на таа земја. Во цела минатата година на италијанските брегови пристигнале 66,2 илјади мигранти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата