logo
logo
logo

Европската комисија реактивна при прекршување на владеењето на правото

Vecer | 02.07.2025

Европската комисија реактивна при прекршување на владеењето на правото

Европската комисија нема цел да казнува, но има обврска да реагира кога се прекршува владеењето на правото, порача еврокомесарот за демократија Мајкл Мекграт. Во нацрт-документот за следната финансиска рамка на Европската унија е јасно наведено – државите што не го почитуваат владеењето на правото ќе бидат исклучени од користењето на европските фондови.

Иако Европската комисија не сака да ги блокира средствата, тоа се применува како исклучителна мерка кога има сериозни прекршувања на европските вредности.

Мајкл Мекграт

Во однос на растечкото влијание на вештачката интелигенција, беше потврдено дека ЕУ веќе има закони што го регулираат користењето на овие технологии, а приоритет се заштитата на граѓаните и спречувањето на дезинформации, особено во чувствителни периоди како предизборна кампања.

Мекграт најави и скорешно започнување на јавна консултација за нов Закон за дигитална праведност, со кој ќе се опфатат и прашања за заштитата на децата на интернет.

Тој ги коментираше и обвинувањата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за вмешаност на ЕУ во организацијата на Парадата на гордоста во Будимпешта, нагласувајќи дека овие настани се иницијатива на локални организации и граѓани, а не резултат на директива од Унијата.

Слободата на здружување е основно човеково право – никој не треба да се плаши од мирни собири.

Мајкл Мекграт

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk