logo
logo
logo

Европа го доби УСЛОВОТ ЗА ДА СЕ УКИНАТ ЦАРИНИТЕ: Направете го ОВА

Vecer | 09.04.2025

Европа го доби УСЛОВОТ ЗА ДА СЕ УКИНАТ ЦАРИНИТЕ: Направете го ОВА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија ќе мора да купува американски гас и нафта во вредност од 350 милијарди долари годишно за да може тој да ги укине царините од 20 отсто што ги воведе минатата недела.

Трамп ја отфрли понудата на ЕУ за целосно укинување на царините на двете страни, велејќи дека тоа не е доволно и дека трговскиот дефицит мора да се елиминира за да се укинат царините.

„Имаме дефицит од 350 милијарди долари со ЕУ. Тие можат брзо да се ослободат од него, ако само купат исто количество американски гас и нафта, можеме да го елиминираме за една недела“, рече Трамп.

Тој додаде дека „не е точно“ дека трговскиот дефицит не значи многу, иако економските аналитичари ширум светот појаснија дека тоа не е релевантно оправдување за воведување царини.

Исто така, вреди да се напомене дека кога Трамп беше инаугуриран во јануари, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен сигнализираше дека ЕУ може да купи повеќе американски течен природен гас.

Сепак, Политико посочува дека ЕУ се уште нема добиено одговор од Белата куќа за тоа како би функционирал овој договор.

Трамп, исто така, ја критикуваше ЕУ за „премногу строги стандарди“ кои ги нарече немонетарни тарифи.

„Тие смислуваат правила и прописи кои се дизајнирани поради една причина: дека не можете да го продавате вашиот производ во тие земји. И ние нема да го дозволиме тоа. Тоа се нарекуваат немонетарни бариери“, рече Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk