logo
logo
logo

Еве што ќе и донесе ЧЛЕНСТВОТО ВО БРИКС НА НОВАТА ЧЛЕНКА

Vecer | 10.01.2025

Еве што ќе и донесе ЧЛЕНСТВОТО ВО БРИКС НА НОВАТА ЧЛЕНКА

Индонезија ќе го користи своето членство во БРИКС за извоз на рударски производи, најави заменик министерот за енергија и минерални ресурси на земјата, Џулиот Танјунг.

Официјален претставник од азиската земја истакна дека „сè уште го проучува влијанието на официјалното членство на Индонезија во споменатата заедница врз домашното рударство“.

Тој истакна дека членовите на БРИКС, како што се Индија и Кина, имаат големо население со огромен потенцијал, објави новинската агенција Антара.

На 6 јануари Бразил, како овогодишен претседавач на БРИКС, објави дека Индонезија официјално стана членка на блокот.

Лидерите на земјите кои ја сочинуваат заедницата ја одобрија кандидатурата на земјата на самитот што се одржа во Јоханесбург во август 2023 година.

Руското Министерство за надворешни работи претходно објави дека од 2025 година, голем број земји, вклучително и Индонезија, ќе се приклучат на БРИКС како земји партнери на групацијата, чии основачи се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Други партнери се Белорусија, Боливија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда и Узбекистан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk