logo
logo
logo

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ГРОБОТ НА ПАПАТА ФРАНЦИСК во римската базилика Санта Марија Велика - Верници чекаат ред (ФОТО)

Vecer | 27.04.2025

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ГРОБОТ НА ПАПАТА ФРАНЦИСК во римската базилика Санта Марија Велика  - Верници чекаат ред (ФОТО)

Верниците од денес можат да го посетат гробот на папата Франциск во базиликата Света Марија Велика. Се очекува стотици илјади луѓе да му оддадат почит на папата, кој почина на Велигден на 88-годишна возраст.

Црквата во центарот на италијанската престолнина беше отворена во 7 часот наутро по вчерашниот погреб на Папата. Стотици верници чекаа во ред пред базиликата, објави утрово италијанската новинска агенција АНСА. Папата беше погребан таму по погребната миса одржана на плоштадот Свети Петар. Погребната поворка потоа водеше низ центарот на Рим сè додека не стигна до црквата.

Обредите за папата Франциск беа поскромни отколку за претходните папи, како што тој посакуваше, но и покрај неговата скромност, тој беше популарен и околу 150.000 луѓе се собраа по улиците на Рим за да се збогуваат со него додека поминуваше неговата погребна поворка, додека се проценува дека во Св. Петар имало околу 250.000 луѓе.

Тој почина од мозочен удар, проследен со кома и срцева слабост, откако се бореше со акутна респираторна слабост, артериска хипертензија и други заболувања во последните недели. Тој работеше до својата смрт, а многу почести во негова чест ја прославуваа неговата посветеност на мирот и на сиромашните и маргинализираните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk