logo
logo
logo

ЕУ за средбата Трамп-Зеленски: Ништо за Украина без Украина

Vecer | 28.02.2025

ЕУ за средбата Трамп-Зеленски: Ништо за Украина без Украина

Европската Унија има јасна позиција во однос на Украина и внимателно следи се што се случува поврзано со земјата, изјави денеска заменичката главна портпаролка на Европска комисија, Аријана Подеста во одговор на новинарско прашање за очекувањата на ЕУ од средбата на претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Вашингтон. 

- Нашата позиција е кристално јасна од самиот почеток и останува непроменета. Ние работиме за постигнување праведен и траен мир за Украина, изјави Подеста. 

Портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни додаде дека ЕУ не отстапува од ставот „ништо за Украина без Украина и ништо за украинската безбедност без ЕУ“, затоа што „безбедноста на Украина е и безбедност на ЕУ“. 

- ЕУ и САД имаат заеднички интерес за праведен и траен мир во Украина. Мир преку зајакнување. Мора да ја ставиме Украина во најсилна можна позиција пред какви било преговори, рече Ел Ануни, додавајќи дека во моментов е важно да не се западне во замките што ги поставува Русија. 

На прашање за ставот на ЕК за испраќање на европски мировни сили во Украина по евентуалното постигнување договор за прекин на огнот, Ел Ануни истакна дека тоа прашање е во надлежност на земјите членки и не е работа на Комисијата на предлага нешто такво. 

- Знаеме дека на Украина и треба повеќе муниција, посилна противвоздушна одбрана и поголема поддршка за нејзината одбранбена индустрија. Мора да и го дадеме на Украина тоа што и треба за да победи во оваа војна. Тоа е јасно и тоа е сега наш приоритет, додаде Ел Ануни. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk