logo
logo
logo

ЕУ за апсењето на Имамоглу: Очекуваме Турција да ги применува највисоките демократски стандарди

Vecer | 20.03.2025

ЕУ за апсењето на Имамоглу: Очекуваме Турција да ги применува највисоките демократски стандарди

Почитувањето на основните права и владеењето на правото се од суштинско значење за процесот на пристапување во ЕУ и тие ќе останат составен дел од односите меѓу Унијата и Турција, порачаа високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос по повод приведувањето на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу. 

- Како земја кандидат за членство во ЕУ и долгогодишна членка на Советот на Европа, се очекува Турција да ги применува највисоките демократски стандарди и практики, нагласија Калас и Кос во заедничка изјава. 

Тие додаваат дека ЕУ ги повикува турските власти да обезбедат целосна транспарентност во врска со апсењето на Имамоглу и да го почитуваат соодветниот процес.  

- Притворањето на градоначалникот на Истанбул, Имамоглу и апсењата и обвиненијата против избрани функционери, политички активисти, претставници на граѓанското општество и бизнисот, новинарите и други од почетокот на годината, поттикнуваат прашања во врска со движењето на Турција по нејзината одамна воспоставена демократска традиција, додаваат Калас и Кос во изјавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk