logo
logo
logo

ЕУ со нов пакет санкции против Русија – забрана за увоз на руски гас од 2027 година

Vecer | 23.10.2025

ЕУ со нов пакет санкции против Русија – забрана за увоз на руски гас од 2027 година

Земјите-членки на ЕУ го усвоија 19-тиот пакет санции против Русија кој предвидува бројни економски рестриктивни мерки, меѓу кои забрана за увоз на руски течен пророден гас од јануари 2027 година, рестрикции кон руските банки и крипто берзите, како и органичување на движењето на руските дипломати.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на денешниот Самит на ЕУ во Брисел придружуван од украинскиот претседател Володомир Зеленски нарекувајки ја Украина идна членка на Унијата нагласи дека ваквата одлука претставува јасна порака до Русија дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина во борбата за како што рече праведен и траен мир. Зеленски пак се заблагодари за одобрувањето на пакетот сакции, додавајки дека примирје во Украина е можно, но дека за таа цел Киев нема да се согласи на територијални отстапки..

-Најважна е политичката одлука и јасната порака што ја испраќаме до Русија. Ним не им е гајле и не смеат да мислат дека сме уморни. Ние не сме уморни и сме желни да ја поддржиме Украина, дипломатски, политички, воено и финансиски,- Антонио Кошта – претседател на Европски совет.

-Го чекавме ова, дај Боже да успее и ова е многу важно. Целосно се согласувам со Кошта дека Русија не покажува дека сака да ја запре оваа војна, како што може да видите тие повторно не напаѓаат, градинки, училишта, цивили,- Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Усвојувањето на новиот пакет сакции од ЕУ доаѓа откако и американскиот претседател Доналд Трамп воведе санции против двете најголеми руски нафтени компании Лукоил и Роснефт..Сакциите беа објавени ден откако Трамп и официјално потврди дека планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта е откажана и откако при голем воздушен руски папад врз Украина загинаа најмалку седум лица.. Сепак Трамп додаде дека во иднина планира да се сретне со својот руски колега и  дека останува посветен на решавање на конфликтот во Украина.

-Ја откажавме средбата со претседателот Путин, едноставно не ми се чинеше како што треба, не чувствував дека ќе стигнеме онаму каде што треба да стигнеме, па ја откажав, но ќе ја одржиме во иднина. Ова се огромни санцкии, многу големи. Тие се против нивните две големи нафтени компании и се надеваме дека нема да траат долго. Се надеваме дека војната ќе се реши,- Доналд Трамп – претседател на САД.

Претходно, Советот на ЕУ дополнително воведе и забрана за транзит на руски гас низ Европската унија до трети земји, мерка која ќе стапи на сила на 1 јануари. Според новите правила купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по Нова година, а сите постоечки договори ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027-ма без оглед на роковите предвидени во нив. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk