logo
logo
logo

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

Vecer | 20.05.2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија“, напиша Калас на X.

„ЕУ отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години - и ќе продолжи да го прави тоа.“

ЕУ има за цел да игра водечка улога во закрепнувањето и идната реконструкција на Сирија, додаде таа.

Санкциите против поединци и организации поврзани со режимот на поранешниот претседател Башар ал-Асад и оние одговорни за насилната репресија врз сирискиот народ и кршењето на човековите права ќе останат на сила.

Дополнително, ограничувањата за извоз на оружје, како и стоки и технологии што се користат за внатрешна репресија, засега ќе останат на сила.

Земјите-членки на ЕУ уште во февруари се согласија за постепено олеснување на санкциите со цел да се поддржи брзото економско закрепнување во Сирија, како и нејзината реконструкција и стабилизација, потсети ДПА.

Мерките во енергетскиот, транспортниот и банкарскиот сектор првично беа суспендирани до јуни. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk