logo
logo
logo

ЕУ со засилени мерки против пожари: 22 авиони и 650 пожарникари во готовност

Vecer | 10.07.2025

ЕУ со засилени мерки против пожари: 22 авиони и 650 пожарникари во готовност

Европската унија ги засили мерките за справување со пожари и суши, подготвувајќи 22 противпожарни авиони, 4 хеликоптери и 650 пожарникари за брза интервенција во земјите-членки. Ова доаѓа поради зголемениот ризик од високи температури и суши, кои предизвикаа пожари во неколку европски држави.

Европа се соочува со рекордни горештини, долги периоди на суша и разорни пожари, поради последиците од климатските промени. Не смееме да останеме рамнодушни. Топлотниот бран од пред десетина дена е јасен показател дека климата се менува пред нашите очи.

Хаџа Лахбиб, еврокомесарка за кризи

Пожари беа регистрирани во Франција, Грција, Германија, Шпанија, Албанија, Србија и Турција. Европскиот механизам „RescEU“ е подготвен да обезбеди помош за секоја земја која ќе има потреба од поддршка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk