logo
logo
logo

ЕУ ќе распореди гранични експерти да го поддржат повторното отворање на преминот Рафа

Vecer | 24.01.2025

ЕУ ќе распореди гранични експерти да го поддржат повторното отворање на преминот Рафа

Земјите-членки го одобрија ревидираниот план за Мисијата на ЕУ за гранична помош за преминот Рафа, која првпат беше формирана во 2005 година за да помогне во контролата на преминот.

Нема присуство на ЕУ на граничниот премин откако исламистичката група Хамас ја презеде власта во Појасот Газа во 2007 година.

Во почетната фаза, ќе бидат распоредени низок двоцифрен број гранични експерти и помошен персонал на ЕУ за да ги надгледуваат граничните проверки, доколку е можно од почетокот на февруари, велат дипломатите.

Повторното отворање на преминот Рафа е дел од трифазен договор за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел и треба да овозможи значителни количини хуманитарна помош да стигнат до Газа. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk