Парите ќе бидат наменети за хуманитарните организации кои работат во Либија првенствено за да обезбедат сместување, храна, вода и хигиена и санитарна заштита.
Со ова вкупниот износ на финансиската помош на ЕУ за Либија, опустошена од бурата Даниел, изнесува 5,7 милиони евра.
Поединечни земји-членки на ЕУ веќе испратија помош и експерти за да помогнат во санирањето на последиците од катастрофата.
Комесарот за хуманитарна помош и управување со кризи на Европската комисија, Јанез Ленарчич, денеска испрати сочувство по смртта на петмина членови на грчкиот спасувачки тим во Либија.
Во несреќата загинаа и либиски државјани бидејќи возилото на спасувачката екипа се судрило со автомобил во кој се наоѓало либиско семејство.
Две брани возводно од Дерна се срушија пред една недела под притисок на бурните дождови предизвикани од бурата Даниел, а според податоците на ОН, бројот на жртвите во тој град е над 11.000.
Уште 10.100 лица се водат како исчезнати.
Најмалку 40.000 луѓе се раселени низ североисточниот дел на Либија, според Меѓународната организација за миграција, која предупреди дека реалниот број е веројатно поголем со оглед на тешкотијата за пристап до најтешко погодените области.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата