logo
logo
logo

ЕУ и Велика Британија поблиску до договор за рестартирање на односите

Vecer | 19.05.2025

ЕУ и Велика Британија поблиску до договор за рестартирање на односите

Неименувани дипломати изјавија дека на денешниот самит во Лондон преговарачите помеѓу Европска Унија и Велика Британија се согласија за три текста наменети за рестартирање на односите помеѓу Брисел и Лондон, меѓу кои и договорот за партнерство во одбраната и безбедноста.

Со тоа рестартираат односите помеѓу ЕУ и Велика Британија пет години по Брегзит.

Дипломатите наведуваат дека на маса сè уште неколку текста, меѓу кои за рибарството. Некои земји-членки на Унијата, меѓу кои и Франција сакаат да го задржат актуелното статус кво, со кои им се дозволува на европските рибари пристап до британските води.

Според нацрт-верзијата на договорениот текст, статус кво ќе се одржува во следните 12 години, до 30 јуни 2038 година, што е трипати повеќе од предлогот на Британците. Од друга страна, Велика Британија ќе можат полесно да ги извезуваат своите производи на европскиот пазар, благодарение на меѓусебното признавање на фитосанитарните стандарди.

Дипломатите истакнаа дека се преземени обврски за зајакнување на соработката со цел намалување на протокот на мигранти преку Ла Манш.

Додека прашањето за мобилноста на младите Европејци, особено студентите во Велика Британија, е одложено за подоцнежни преговори.

Велика Британија и ЕУ денеска одржуваат Самит во Лондон, пет години по Брегзит, со цел да се постават темелите за поблиски односи, особено во одбранбените прашања.

Британскиот премиер Кир Стармер, кој вети дека ќе ја „ресетира“ соработката со ЕУ кога стапи на должност минатиот јули, ги пречека во Лондон претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Покрај одбраната, британската лабуристичка Влада, која се стреми да ја поттикне трговијата отежната од бирократијата предизвикана од Брегзит, наведе дека е отворена за динамично усогласување со стандардите на ЕУ за храна и земјоделски производи. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk