logo
logo
logo

ЕЦДЦ: Бустер дозата би можела да ги намали хоспитализациите во Европа за 800.000

Vecer | 27.01.2022

ЕЦДЦ: Бустер дозата би можела да ги намали хоспитализациите во Европа за 800.000

„Сегашните бустер дози постигнати до почетокот на јануари може да го намалат приемот во болниците на пациенти инфицирани со омикрон за 500.000 до 800.000 во Европа“, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Податоците вклучуваат 27 земји од Европската унија и Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Во моментов, 70 отсто од населението на Унијата е целосно вакцинирано, а половина од нив добиле бустер доза.

„Проширувањето на засилената програма на сите претходно вакцинирани лица може да го намали приемот во болници за дополнителни 300.000 до 500.000 луѓе“, соопшти ЕЦДЦ.

Иако бројот на заразени со омикрон се зголемува со невидена брзина, со стапка на зараза три пати поголема од сегашниот врв, многу земји веќе би можеле да бидат во пресвртна точка.

„Иако се чини дека некои земји-членки имаа неодамнешен врв на инфекцијата, пандемијата не е завршена“, потсети еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk