logo
logo
logo

Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов

Vecer | 13.09.2025

Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов

- Чарли го убија затоа што проповедаше патриотизам, вера и милосрдна љубов кон Бог, рече Ерика Кирк. Таа додаде дека движењето на нејзиниот покоен сопруг ќе продолжи да живее и да се бори за вредностите што тој ги застапуваше.

Кирк на 10 септември беше застрелан во вратот додека држеше говор пред околу 3.000 студенти на Универзитетот Јута Вали.

Во говор одржан во седиштето на организацијата на Кирк, Turning Point USA, Ерика Кирк им се обрати и на оние што ги нарече „злосторници“.

- Немате поим каква огнена вистина запаливте во оваа сопруга, плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ светот како боен повик. Секој треба да го знае ова: ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг беше моќна порано, немате поим, немате поим што ослободивте низ оваа земја и светот токму сега, нагласи таа.

Вдовицата на Кирк најави дека турнејата на нејзиниот сопруг низ американските универзитети ќе продолжи оваа есен и во наредните години, како и неговиот поткаст.

Шефот на ФБИ, Кеш Пател вчера потврди дека осомничениот убиец на Чарли Кирк, кој е идентификуван како Тајлер Робинсон (22), е уапсен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk