logo
logo
logo

Ердоган: Самитот на НАТО ќе се одржи во Анкара во јули 2026 година

Vecer | 01.07.2025

Ердоган: Самитот на НАТО ќе се одржи во Анкара во јули 2026 година

„Се надеваме дека самитот на шефовите на држави и влади на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Турција во јули. Ќе ги угостиме лидерите на НАТО во нашиот главен град, Анкара, и ќе подготвиме терен за многу важни одлуки“, рече турскиот лидер вчера во обраќањето до нацијата по владината седница, пренесе Анадолија.

Ердоган рече дека се задоволни од напредокот постигнат за кратко време во процесот на ослободување на Турција од терор.

-Се чини дека одредени елементи во нашата земја и во рамките на терористичката група ПКК спроведуваат саботажни напори насочени кон попречување на напредокот. Нашата земја нема да падне во стапици, додаде Ердоган.

Затворениот лидер на Курдистанската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан, во февруари повика на распуштање на ПКК и сите групи под нејзина контрола, повикувајќи на прекин на нивната повеќе од 40-годишна кампања на терор.

За време на својата 40-годишна кампања на терор против Турција, ПКК, која е на листата терористички организации од страна на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk