logo
logo
logo

Ердоган: Продолжен договорот за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа

Vecer | 18.03.2023

Ердоган: Продолжен договорот за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа

„Договорот за коридорот за жито требаше да истече денеска. Како резултат на нашите преговори со двете страни (Русија и Украина), обезбедивме продолжување на овој договор“, рече Ердоган во обраќање во западниот град Чанакале.

Тој им се заблагодари на ОН за напорите за продолжување на овој договор, јави телевизијата ТРТ.

Украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков изјави дека договорот е продолжен за 120 дена.

Русија првично побара договорот да биде обновен за само 60 дена, половина од рокот на претходното продолжување, додека Украина настојуваше за 120 дена.

Црноморската иницијатива за жито, со посредство на Обединетите нации и Турција во јули минатата година, овозможува извоз на жито од три украински пристаништа. Таа беше продолжена во ноември и е во сила до 18 март. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk