logo
logo
logo

Ердоган: Израелските власти „си играат со оган“

Vecer | 03.03.2025

Ердоган: Израелските власти „си играат со оган“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека израелските власти „си играат со оган“ со нивните провокации насочени кон џамијата Ал Акса во Ерусалим.

Тој ја даде изјавата вечерва во Анкара за време на официјалната ифтар вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан со странски амбасадори, организирана од владејачката Партија на правдата и развојот.

„Сакам да ги потсетам моите соговорници дека џамијата Ал Акса е нашата црвена линија“, рече Ердоган, нагласувајќи дека муслиманите, кои претставуваат четвртина од светската популација, заслужуваат активно да учествуваат во донесувањето одлуки од светско значење.

На крајот од својата изјава турскиот претседател рече дека Израел нема да го постигне мирот што го сака без создавање на независна и географски посебна палестинска држава заснована на границите од 1967 година. /MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk