logo
logo
logo

ЕП го одобри воведувањето на Системот ЕЕС на надворешните граници на ЕУ

Vecer | 08.07.2025

ЕП го одобри воведувањето на Системот ЕЕС на надворешните граници на ЕУ

Откако ќе стапи во функција, системот ќе ги регистрира податоците, вклучувајќи име, вид на патна исправа, време и место на влез и излез и биометриски податоци - фотографија и отпечатоци од прсти, на државјани на трети земји кои влегуваат и излегуваат од Шенген зоната.  

Целта на системот, според ЕУ, е да се подобри безбедноста, да се забрза процесот на проверка на границите и да се намали чекањето на премините. 

Постепеното воведувањето на системот ќе трае 180 дена, при што во првите 30 дена во системот ќе треба да се евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от треба почне евидентирањето на сите преминување на граничните премини, 

Оваа методологија на воведување на ЕЕС системот е доброволен, што значи дека земјите членки на ЕУ можат да го воведат целосно доколку сакаат уште од првиот ден. 

Сега останува воведувањето на системот да го одобри уште Советот на ЕУ, по што Европската комисија треба да го одреди датумот за почеток на неговата постепена примена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk