logo
logo
logo

Елисејска палата: Марон ќе именува нов премиер во следните денови

Vecer | 09.09.2025

Елисејска палата: Марон ќе именува нов премиер во следните денови

Бајру, кој побара гласање за доверба, денеска ќе поднесе оставка, изјави кабинетот на премиерот.

Францускиот премиер побара гласање за доверба пред две недели за да ја потврди легитимноста на неговиот буџетски план.

Како што објави „Ле Фигаро“, 364 пратеници гласаа против, 194 за, додека 25 беа воздржани.

-Националното собрание не го одобри излагањето за општите насоки на политиката на владата.

Премиерот мора да ја поднесе својата оставка до претседателот на републиката, изјави претседателката на Националното собрание, Јаел Брон-Пиве.

Падот на Бајру го принуди францускиот претседател да го бара својот четврти премиер во изминатите 12 месеци. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk