Голем дел од европскиот континент е зафатен од невообичаено високи температури, што ги натера властите во повеќе држави да воведат итни мерки за заштита на населението.
Досега непреживеани за овој период од годината, овие жештини се јасен показател за ефектите од климатските промени.
Во Франција, заради екстремните температури, беше прогласен црвен аларм во Париз и уште 16 региони. Повеќе од 1300 училишта во државата денеска беа делумно или целосно затворени. На туристите кои сакаа да уживаат во погледот од врвот на Ајфеловата кула им беше дозволено да посетуваат само пониски платформи.
Шпанија, која традиционално се соочува со високи температури, оваа година е погодена уште побрутално. Жителите на Мадрид паметат ретко кога ваква жега во јуни и јули. Дигитален термометар во Мадрид денеска измери 46 степени Целзиусови, а пеколот се очекува да продолжи и следниот ден.
Денеска е навистина лошо, но и вчера не беше подобро. Единствено се трудиме да опстанеме. Тешко е да се спие, спиев мошне лошо и не можев да заспијам до изгрејсонце поради неподносливата топлина.
Италија, исто така, се соочува со тежок топлотен бран, кој веќе ги однесе и првите жртви: еден маж во Болоња се онесвестил и починал на градежен објект, а уште една жена починала во Неапол.
Во Рим, каде температурите надминуваат 40 степени, туристите и жителите се разладуваат во фонтаните. Црвениот Крст во градот постави шатори со клима-уреди на најпосетените локации, како Колосеумот и Ватикан, нудејќи вода, засолниште во сенка и основна медицинска помош.
Обезбедуваме вода, разладување и засолниште. Во просторијата зад мене нудиме и основна медицинска заштита.
Италијанското министерство за здравство издаде црвено предупредување за топлотни бранови во 17 града, меѓу кои и Рим, Фиренца, Торино и Милано. Во Холандија беа измерени температури меѓу 12 и 16 степени над просекот, а Португалија продолжува со жештини од 43 степени, по најтоплиот јуни во историјата на земјата.


Температурите од 34-37 степени во Чешка (вклучувајќи ја Прага) се над просекот, иако не звучат драматично во споредба со останатиот дел од континентот. Сепак, и таму се преземаат мерки за заштита.
Во зоолошката градина во Прага, на животните им се дели мраз за да се помогне да се справат со екстремните жештини, посебно на оние кои потекнуваат од студени средини.
Минатата година започнавме проект „ЗОО под мраз“, каде избрани животни добиваат мраз. Достапуваме 10 тони мраз во деновите кога се очекуваат температури над 30 степени Целзиусови.
Поларните мечки Алеут и Грегор беа најрадосни, играјќи се и разладувајќи се во купиштата мраз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата