logo
logo
logo

Експлозија во рудник за јаглен во Шпанија, има загинати

Vecer | 31.03.2025

Експлозија во рудник за јаглен во Шпанија, има загинати

„Сегашниот биланс е пет мртви, четворица повредени, од кои двајца се пренесени во болницата во Понферада со изгореници и еден во Кангас дел Нартеа со повреди на главата“, соопштја на платформата Х од Астурија.

„Работиме да најдеме уште двајца работници“, прецизираа тие, пренесува Ел Паис.

Во соопштението, итната помош објасни дека добиле повик во кој се вели дека „има проблем со една од машините“ при експлозија во рудникот Тјередо, општина Деганија.

На платформата X, порано Твитер, шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез испрати „искрено сочувство до семејствата на жртвите и им се заблагодари на службите за итни случаи кои работат на спасувачките операции“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk