Во утринските часови во Рим, силна експлозија на бензинска станица предизвика повредување на најмалку девет лица, меѓу кои се полицајци и пожарникари, информира локалната полиција.
Настанот се случил околу осум часот по локално време, кога облак од густ црн чад се издигна над неколку делови од градот.
Според полициски информации, осум полицајци се здобиле со повреди додека се обидувале да ги спасат присутните, но среќа во несреќа е што никој од нив не е во животозагрозувачка состојба. За време на инцидентот се слушнале неколку последователни експлозии.
При интервенцијата лесно бил повреден и еден пожарникар. Полицијата посочува дека ја пребарува областа околу експлозијата за да открие дали има лица кои се заглавени во околните објекти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата