Во силна експлозија што денеска се случи на бензинска пумпа во Рим, повредени се најмалку 40 лица, а материјална штета претрпеа неколку згради и магацин на судот. Меѓу повредените има и спасувачи, но според информациите, ниту еден не е во животна опасност.
Причината за експлозијата, според изјавите на челникот на регионалната противпожарна служба, е дефект во системот за плин.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти преку платформата Икс дека внимателно ја следи ситуацијата и е во контакт со службите задолжени за справување со последиците од инцидентот.
Изразувам солидарност со сите кои беа повредени, вклучувајќи ги полицајците, пожарникарите и медицинскиот персонал, и изразувам искрена благодарност до сите кои се ангажираа во спасувачките и безбедносни операции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата