Лимузината „Аурус“ на рускиот претседател Владимир Путин експлодирала и се запалила во центарот на Москва, недалеку од седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Лубјанка.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како запален автомобил – модел Аурус, вреден околу 320.000 евра – гори на улицата Сретенка, во непосредна близина на централниот безбедносен комплекс.
Путин наредил претрес на канализација и ја пофалил безбедноста
По инцидентот, рускиот претседател наредил итно пребарување на околните канализации и ги пофалил припадниците на неговите безбедносни сили, пренесува рускиот опозициски канал „Агентство“.
В центре Москвы загорелся Aurus Senat, по всей видимости принадлежащий Управделами президента РФ.
— SAW (@SA61W) March 29, 2025
Пожар произошел в моторном отсеке, сгорели 6 м2, т.е. выгорел практически весь автомобиль.
Стоимость сгоревшей модели Aurus — от 23 до 29 млн руб pic.twitter.com/pgo0N9jlww
Засега не се знае кој бил во возилото во моментот на експлозијата, ниту дали воопшто имало некој во автомобилот. Според првичните информации, во експлозијата и пожарот нема повредени или жртви.
На фотографиите од местото на настанот се гледа како пожарот се шири од моторот кон внатрешноста на блиндираната лимузина, која припаѓа на Одделот за возила на претседателската администрација, кој е одговорен за управување со државниот имот.
Порака од Кремљ и зголемена безбедност Причините за ненадејниот пожар се уште не се утврдени, а Кремљ се уште нема официјално соопштение. Сепак, инцидентот се случи во време кога мерките за безбедност околу претседателот беа дополнително засилени, поради страв од можни обиди за атентат.
Moscow, Russia ❗
— LX (@LXSummer1) March 28, 2025
🔥💨 Tonight an 'Aurus Senat' caught fire in the very center of Moscow. The price of such a car is about 30 million rubles, - local media. Now it's kaput. pic.twitter.com/qAJFt3bnRU
Путин (72) редовно користи руски лимузини Аурус, а една од нив му подари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун при нивната последна посета.
За потсетување, Кремљ претходно оваа година предупреди дека секој обид за атентат врз рускиот лидер може да се смета за причина за нуклеарен одговор. Овој инцидент најверојатно дополнително ќе ги зголеми сомнежите за активностите на странските разузнавачки служби во Русија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата