logo
logo
logo

Експлодира брод на Дунав, има загинати

Vecer | 25.07.2025

Експлодира брод на Дунав, има загинати

Трагедијата се случила на 23 јули доцна навечер на устието на Дунав во Црното Море во регионот Одеса.

Според извештаите, на бродот се работело кога се случила експлозијата, а загинале работници од Управата за поморски пристаништа на Украина.

„На 23 јули, доцна навечер, се случила вонредна состојба со брод што припаѓал на подружницата Делта-Пилот“, се вели во соопштението на Управата.

Како што наведоа, бродот бил на устието на реката за да изврши планирана работа, со 11 членови на екипажот. Во овој момент не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Тројца работници починале на самото место, додека другите биле однесени во болница, а степенот на нивните повреди е непознат.

Надлежните служби веднаш излегле на местото на настанот за да спроведат истрага со цел да се утврдат сите околности на трагедијата. Се чека извештајот од истрагата.

Управата за поморски пристаништа на Украина изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и вети дека ќе им ја обезбеди, како и на повредените, целата потребна поддршка. Како што наведоа, поморскиот пристапен канал до устието Бистра е привремено затворен за бродски сообраќај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk