logo
logo
logo

ЕК: Зеленски беше избран на фер и демократски избори

Vecer | 20.02.2025

ЕК: Зеленски беше избран на фер и демократски избори

Украина е демократија, а Русија под (рускиот претседател Владимир) Путин не е, изјави денеска портпарол на Европската комисија, одговарајќи на прашања поврзани со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп.

- Не можам да претпоставам од каде американскиот претседател црпи информации за да дава вакви изјави, додаде портпаролот.

Тој истакна дека во рамките на ЕУ се одржуваат состаноци на различни нивоа во врска со можностите за постигнување праведен и траен мир во Украина.

Портпаролот нагласи дека решение не може да се постигне без учество на Украина и Европската Унија.

- Безбедноста на Украина е поврзана со безбедноста на Европската Унија, заклучи тој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk